| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Чарлс ќе го смени името кога ќе седне на тронот

Кога принцот Чарлс (69) еден ден ќе ја преземе титулата владетел во британското кралско семејство од својата мајка кралицата Елизабета (92), веројатно како и своите претходници ќе го смени името.

Принцот Чарлс чека на ред за престолот на британската монархија повеќе од 60 години и со тоа стана единствен член на кралското семејство кој толку долго чекал да дојде до круната. Но кога ќе дојде на ред, постои можност тој да го промени името во Филип, Артур или Џорџ, пишува 24часа.хр.

„Тоа не е секогаш пракса, но не е ни невообичаено, истакнува портпаролот на кралското семејство Дики Арбајтер и додава дека дедото на принцот Чарлс, принцот Алберт при преземање на круната, го зеде четвртото име и стана крал Џорџ Шести. Но, тој не е единствен, има и други примери на кралеви кои го смениле името, објаснил Арбајтер.

Се претпоставува дека Чарлс еден ден кога ќе стане крал ќе го избере името Џорџ, во чест на својот дедо. Доколку се одлучи за ова име тогаш ќе биде крал Џорџ Седми. Ако го земе името Филип, ќе стане Филип Први, како прв случај во семејството кој се одлучил за ова име. Сепак ако одлучи да го задржи своето име, ќе биде крунисан како Чарлс Трети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top