| четврток, 6 декември 2018 |

Имав секс со сестра ми и тетка ми, а мајка ми е жртвувана поради црни магии

Потпишав многу добри договори и на фамилијата и донесов многу пари. Меѓутоа, со парите дојдоа и кавгите. За да ја задржам поголемата сума на пари во мене, мојот татко ја жртвуваше мајка ми да направи црни магии

Фудбалскиот свет е шокиран од признанието кое го изнесе поранешниот фудбалер на Нант и Ремс, Габонецот Шива Н‘Зиго (34). Овој фудбалер на само 16 години го привлече вниманието кај големите фудбалски гиганти играјќи во Лигата на шампионите, па веднаш потоа му предвидуваа голема кариера. Меѓутоа, во наредните неколку сезони не ги оправда очекувањата. Откриено е дека лажел кога во прашање се годините, но овој поранешен репрезентативец на Габон во црква дал навистина стравично признание пред десетина сведоци.

-Лажев дека имам пет години помалку за лесно да бидам во конкуренцијата на младите фудбалери. Потпишав многу добри договори и на фамилијата и донесов многу пари. Меѓутоа, со парите дојдоа и кавгите. За да ја задржам поголемата сума на пари во мене, мојот татко ја жртвуваше мајка ми да направи црни магии. Во сон ми дојде неговото прашање за дали ќе го направи сето тоа. Го одбив, но тој веќе го направил, изјави Н‘Зиго кој потоа продолжи со приказната.

-Во тоа време имав сексуални односи со својата тетка, потоа и со родената сестра, како и со блиските пријателки. Потоа влегов во врска со машко. Ве молам да ми простите за сите овие гревови кои ги имам направено, изјавил фудбалерот, а присутните биле шокирани од тоа што го говорел.

Шива во дресот на Нант играше во 2005 година и постигна три погодоци на 33 натпревари, но кога најмногу требаше да блесне, неговата кариера тргна во лоша насока, па затоа набргу замина во Африка, каде настапувал за неколку клубови. За селекцијата на Габон постигнал пет гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top