| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз на „црвените ѓаволи“: Со три гола во првото полувреме, Брајтон го шокираше Манчестер Јунајтед

Тимот на Брајтон забележа првa победа сезонава и тоа ни помалку ни повеќе, туку против фаворитот Манчестер Ј. со 3-2 на домашен терен. Тимот на Крис Хоутон одигра неверојатно прво полувреме, кога паднаа сите голови на „галебите“.

Глен Мареј отвори за домаќините во 25-тата минута, а Шејн Дафи зголеми две минути подоцна. Ромелу Лукаку намали во 34-тата минута, но Паскал Грос беше фаулиран во 44-тата минута во шеснаесетникот и Брајтон доби пенал. Грос застана зад топката и направи 3-1 на „Ајмекс“ стадионот.

Капитенот Пол Погба го даде вториот гол за „црвените ѓаволи“  за конечни 3-2 во 94-тата минута од натпреварот откако Маруан Фелаини беше фаулиран во шеснаесетникот на домаќините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top