| четврток, 6 декември 2018 |

Додека нашите политичари мислат дека се Богови, Себастијан Курц лета со нискобуџетни компании како обичен граѓанин

Еден Хрватски граѓанин кој со авион од нискобуџетна компанија патувал на летот Барселона-Виена, бил сведок на необична сцена за балканските политичари, а оваа несекојдневна средба ја опишал во објава на својот Фејсбук профил.

„И така седнувам синоќа на летот од Барселона за Виена, патувам со нискобуџетна компанија, кога влегува некој познат лик, гледам децата се фотографираат со него, возрасните го поздравуваат. Ја прашувам стујардесата, кој е ликот, вели австрискиот канцелар Себастијан Курц. Значи, австрискиот канцелар уредно го чекал со сите други патници летот кој доцнеше два часа, седна во економска класа, без делегација, обезбедување, и други пи****ии, без кои нашите политичари не можат да отидат ни до тоалет“, напишал тој.

Хрватот кој е сведок за оваа несекојдневна ситуација, која не е сретната досега ниту во македонската јавност, уште повеќе се изненадил од она што следело.

„Кога слетавме во Виена мислев дека барем таму ќе го дочека обезбедување. Меѓутоа, човекот излезе како сите други патници, сам си го зема багажот и го напушти аеродромот сосема сам“ …пишува тој.

Како заклучок, хрватскиот изненаден граѓанин, додава:

„И потоа направете споредба со нашите политичари кои си замислуваат дека се богови, сите по ред, како Санадер, Видошевиќ, Милановиќ, Колинда, Пленковиќ и други…“ заклучува Хрватот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top