| четврток, 6 декември 2018 |

Старец преживеал вистински хорор: Разбојник му влегол во домот, го врзал и му се заканувал дека ќе го убие

Непознат маскиран сторител се обидел да изврши разбојништво над сопственикот М.Л.(89) на куќата во која упаднал. Случајот во полиција бил пријавен вчера, а се случил околу 20.30 часот во куќа на ул.„Никола Карев“ во Свети Николе.

Сторителот со употреба на сила го врзал М.Л. и со закана по животот му побарал пари.

Во тој момент во куќата влегол З. Ш. (42) од Свети Николе, по што сторителот побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top