| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Преображение Господово: Желбите не ги кажувајте никому, не дремете и не одете во кафеани

Православната црква и нејзините верници денеска го одбележат големиот празник, Преображение.

Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата.

Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента.

Врежано е мислењето дека на Преображение и небото, во глуво време на ноќта, три пати се преобразува, и дека оној што ќе го види тоа и тоа ќе го обелодени на друг, ќе го изгуби разумот.

Како што се верува, на денешниов ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив.

Не е добро ни да се плаче, ниту пак цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници. Но она што е задолжително е на овој ден да пробате грозје!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top