
Во врска со случајот од средата кога околу 02,40 часот две непознати лица запалиле дрво (палма) пред клиниката Жан Митрев во Скопје, по преземени мерки на 16 август во Полициска станица Кисела Вода се повикани три лица и со истите е обавен разговор.
Во консултација со Јавен обвинител по целосно докуемeнтирање на случајот против две лица на возраст од 17 години од Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво по член 288 од КЗ на Р.Македонија.
Третото лице, 18 годишен жител на Гостивар, го управувал патничкото моторно возило “Голф 4” со кое пристигнале на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


