| четврток, 6 декември 2018 |

Го уценувал да му даде 10.000 евра за да не објави слики и видеа од неговата сопруга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Ј.Б. од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уцена”.

Според информациите во полицискиот билтен, пријавениот по телефон го уценувал Т.Р. од Дебар дека преку социјалните мрежи ќе објави слики и видео записи со недолични содржини од неговата сопругата, доколку не му даде парични средства во износ од 2.000 до 10000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top