| четврток, 6 декември 2018 |

Лаксалт: Не можев да му кажам „не“ на Милан

Уругвајскиот репрезентативец, Диего Лаксалт денеска беше претставен во Милан на официјална прес-конференција, на која ги сподели впечатоците и очекувањата од новиот предизвик со „црвено-црниот“ дрес. Поранешниот фудбалер на Џенова одговори на прашањата на новинарите и призна дека повикот од Леонардо и Паоло Малдини имале влијание врз изборот.

– Вистински сон е да преминам во еден од најголемите клубови во светот. Не можев да му кажам НЕ на волку голем клуб. Дали сум подготвен? Се обидувам да станам подобар секој ден. Се чувствувам подготвен за овој нов предизвик. Од ден на ден морам да се докажам во тимот, вели Лаксалт.

– Во Италија поради Интер? Јас не негирам ништо, но денес сум овде. Сега сум во Милан и ќе сторам сé за да се справам добро против Интер и да ги радувам навивачите. Добив многу честитки во последниве денови, но сепак не сум зборувал со Оскар Табарез. Ќе се слушнеме следните денови. За мојата улога на теренот ќе мисли Џенаро Гатузо. Јас сум секогаш достапен и ќе се обидам да дадам се од себе каде и да ме постават, изјави новиот додаток на Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top