
Преку 10 државни институции вработуваат кадри точно овој месец, во периодот откако е распишан референдумот. Во време кога на власта тешко и оди битката за убедување на граѓаните да излезат и гласаат – масовно се вработуваат советници, соработници, раководители за солидни плати. На листата вработувачи се Државниот архив, Министерствата за одбрана и образование, општина Центар.
Последната, на пример, вработува 24 луѓе. Зошто токму сега општината оценила дека и треба, меѓу другите, и соработник за подготовка на седниците кој ќе зема плата близу 23 илјади денари. И не само тоа. Центар, баш сега, треба да прими соработници за архивско и канцелариско работење, советник за планирање на локалниот економски развој и поддршка на малите и средни претпријатија.
На листата институции предреферендумски вработувачи е и Државниот архив. Таму, според огласот, сега има потреба од „советник за оценување и стручно усовршување“, но и таков „за средување и обработка на архивски материјал“. Централниот регистар пак, вработува книжевници и географи, а платите стигнуваат и над 53 илјади денари.
„Работниот однос се заснова на полно работно време“ се наведува во огласот. Се бара еден кандидат со диплома по книжевност кој би работел како стручен соработник односно коресподент, еден со завршени географија или образование кој би бил ангажиран како советник за дистрибуција на податоци, еден со одбрана а може и право или економија кој би бил поставен како стручен работник во канцеларијата во Гостивар.
Има позиции и за среднисти – со гимназија или стручно училиште за кои се нуди плата и над 32 илјади денари. Нејасно е зошто на Централниот регистар кој инаку ги обединува податоците за сите компании и организации би му требале географ, книжевник и експерт за одбрана и тоа на стручни и конкретни позиции за кои не се квалификувани.
Деновиве социјалните мрежи вријат од бројки и критики за масовните вработувања..Особено по скандалот во МЕПСО каде е вработена наводно фризерката на Кирацовски и тоа за плата од 44 илјади денари. Но по нападот од јавноста МЕПСО објаснуваше дека е вистина оти е вработена, ама како хигиеничарка, а платата и била околу 19 илјади денари.
(извор – Алфа ТВ)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


