| четврток, 6 декември 2018 |

Разрешените членови на Државната комисија за одлучување од втор степен не земале плата повеќе од 5 месеци

Разрешените членови на Државната комисија за одлучување од втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка не земале плата повеќе од 5 месеци. Истите реагираат и бараат одговорност од власта- и кривична и материјална.

-Круг е животот!
И Вие имате и деца и семејства!
Во Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка оставивте повеќе од 30 семејства без плата и здравствено осигурување повеќе од 5 месеци!
Трудници, деца, хронично болни кои не можат да примат терапија, административци со кредити пред активирање на хипотеки, ама кому му е гајле кога и каматите за ненавремено исплатените плати и придонеси повторно ќе ги плаќаат граѓаните?!
ОДГОВОРНОСТ!!!
И кривична и материјална!

нетпрес.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top