Серена Вилијамс откри дека една минута пред натпреварот против Јоана Конта пред две недели, кој потоа го загуби со 1:6, 0:6, таа добила ужасна вест. Станува збор дека мажот, кој е осуден за убиство на нејзината полусестра, бил ослободен со кауција.
Сестрата на Вилијамс, Јетунде Прајс беше убиена во 2003 година на 31 година.
Малку по веста за ослободувањето на обвинетиот, Серена беше на терен во натпревар од првото коло на турнирот во Сан Хозе и загуби убедливо од Конта, што беше и најтешкиот пораз во нејзината професионална кариера.
– Не можев да се ослободам од мислите, изјави носителката на 23 Гренд слем титули.
Во април 2006 година, Роберт Максфилд беше осуден на 15 години, а Серена беше во судницата да ја чуе пресудата.
– Сепак, сестра ми нема да се врати за добро однесување, рече Вилијамс.
Прајс беше застрелана во Комптон, Лос Анџелес, а во тоа време нејзините три деца беа на 11, 9 и 5 години.
– Не е фер што таа нема да може да ги прегрне. Беше тешко, бидејќи сè за што мислам се нејзините деца, она што значат за мене и колку многу ги сакам, додаде Серена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст