Хрватската манекенка, 42 годишната Нина Мориќ последниве три години минуваше низ вистинска семејна драма, но изгледа дека оваа афера која ги тресеше светските медиуми конечно доби свој епилог. И тоа прилично неочекуван.

Имено, Нина е во бракот со 44 годишниот Италијанец, Фабрицио Корона, го доби синот Карлос, кој сега има 15 години, а после разводот парот долго време водеше борба за старателство над него.

Moj ponos, ljubavi mame svoje zivim samo za Tebe. ♥️

A post shared by Nina Moric (@nina__moric) on

На крајот, Карлос му припадна на таткото, што на манекенката му падна тешко, па имаше депресивни фази, а се кулминираше пред неколку месеци кога ја отвори душата пред медиумите, кога призна дека синот го гледа строго во контролирани услови и дека го чува неговата баба, бидејќи Фабрицио заврши во затвор. Исто така, Карлос минатата година повеќе од осум месеци одел на невропсихијатрија.

Нина Мориќ обвини дека татко ѝ сексуално ја злоставувал, татко ѝ вели дека сѐ е „гнасна лага“

 

Сепак, изгледа дека Нина решила да заборави на сите неволји и проблеми, да му прости на Фабрицио и на неговото семејство што ја обвинуваа дека е наркоманка, ја тераа да оди на тестирања, и забрануваа секаков контакт со синот. Таа започнала ново поглавје во животот, нов почеток, кој никогаш нема да заврши, како што вели самата.

-Со Фабрицио пронајдов нов пат. Ново чувство за семејството, кажа Нина за италијанскиот магазин „Chi“, а на својот Инстаграм профил постави и емотивна порака со нивна фотографија:

-Враќањето кај Фабрицио е дел од нашето патување. Карлос е единствена наша Итака. Чувството кое го спојува семејството ги преовладува сите раздори, љубомора, правни бариери како што е разводот. Љубов. Еве што ќе понесам во Милано во куферот. Љубов која победува се. Засекогаш… Никој нема да отиде во Милано, нема да патува „преку барата“, нема да одиме во никакви села… Едноставно нашиот нов почеток ќе биде во Милано

Инаку, 42 годишната Хрватка минатата година обелодени дека поранешниот сопруг во затвор пред детето ја фрлил во ѕид и почнал да ја гуши, а потоа демолирал се околу себе.

На Нина Мориќ и се исполни душата – го испрати бившиот сопруг во затвор!

 

-Семејството е над времето и просторот. Она што може да ја преброди секоја горчина, додаде таа за „Chi“, а имаше и што да му порача на својот син:

-Постои само една работа која можам да ја направам. Да ги градам твоите соништа, а потоа да те пуштам да ги оствариш. Ако твоите надежи се претворат во разочарувања, ќе пробам да ти дадам сила да продолжиш да се надеваш, синче мое, порача таа