| четврток, 6 декември 2018 |

Кање Вест призна дека го возбудуваат сестрите на жена му

Американскиот рапер Кање Вест продолжува да шокира со изјавите, а овојпат се задржува на своите сексуални афинитети. Познатиот рапер пред само неколку месеци успеа да ја вознемири јавноста со изјавувањето љубов на Доналд Трамп, нарекувајќи го брат, а потоа и со мислењето дека робовите имале избор.

Но, во најновата песна XTCY открива дека чувствува сексуална привлечност кон сестрите на Ким Кардашијан.

Во еден дел од песната, која претендира за летен хит, која за раазлика од неговите претходни песни се состои од една линија и експлицитен текст, Кање изненадува со римите.

Во еден дел пее дека сака да спие со сите четири сестри на својата сопруга Ким, Кортни, Клои, Кендал и Кајли.

Во продолжение Вест вели дека мастурбира на нивните слики.

Секако, не наиде на топол прием, многумина го осудуваат текстот на Кање и сметаат дека е „навредилив и болен“, па на Твитер има многу забелешки упатени кон контроверзниот рапер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top