| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбите продолжуваат да се слушаат, станаа извор на манипулации и оцрнување

Нелегално снимените разговори или популарните бомби продолжија да се слушаат денеска во Основен суд 1, со што продолжи судењето на случајот „Титаник“.  На овој начин продолжи праксата на оцрнувања и манипулации и разгорување на ниски страсти. Овој пат наместо СДСМ, Судот истите ги овозможи да се чујат пред јавноста.

На почетокот на рочиштето адвокатите на обвинетите се повикаа на јасната законска обврска дека докази не можат да бидат копии доколку тие не се оверени и споредени со оргиналот.

Адвокатите посочуваат дека Законот јасно и недвосмислено кажува дека доказ е само оргинален документ, снимка или слично, или копија од нив доколку е споредено и оверено дека е идентично со оригиналот.

Понудените креирани снимки од телефонски разговори не се оргинални снимки, ниту пак обвинителството и покрај многуте апели до сега, приложи доказ дека снимките кои се копии се споредени со оригиналот и дека се веродостојни.

И покрај сето ова разговори се слушаа. Во содржината на самите разговори не можеше да се забележи ништо спорно ниту незаконски. Па така во еден од нив помеѓу Јанакиески и Протоѓер се говори дека треба да се укаже и амбасадорите да се вклучат во кампањата на ДИК за ушишување, односно пријавување на припадниците на дијаспората за гласање. Веднаш во про владините портали тоа беше пренесено дека и амбасадорите се носеле “за уши”, иако таква работа не се кажува никаде.

Во извесен момент завладеа и досада во судницата бидеји ништо спектакуларно не се случуваше, за разлика од насловите и манипулациите што се ширеа на провладините медиуми.
Впрочем совршено јасно е дека и тоа е целта на ваквата приземна кампаања

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top