| четврток, 6 декември 2018 |

Одбраната во „Титаник“ изнесе уште една несоборлива претставка

 

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето на обвинетите од предметот Титаник. На почетокот на рочиштето адвокатите на обвинетите се повикаа на јасната законска обврска дека докази не можат да бидат копии доколку тие не се оверени и споредени со оргиналот. Законот јасно и недвосмислено кажува дека доказ е само оргинален документ, снимка или слично, или копие од нив доколку е споредено и оверено дека е идентично со оргиналот.

Понудените креирани снимки од телефонски разговори не се оргинални снимки, ниту пак обвинителството и покрај многуте апели до сега, приложи доказ дека снимките кои се копии се споредени со оргиналот и дека се веродостојни.

Одбраната побара ваквите снимки воопшто да не се пуштаат односно да се отфрлат како докази и на тој начин судот да го испочитува законот. Дури и ако на крајот при носење на пресуда го прифати оваа законска одредба, подвлекоа од одбраната, сепак репродукцијата на снимките влијае врз судиите при носење на одлуката.

Оттука, снимките воопшто не треба да се преслушуваат како доказ.

Во овој контекст прекршен е и законот со тоа што за предадените снимки не постои детален записник за примопредавање на аудио снимките, што е чекор веројатно намерно направен од СЈО за да се заштитат од евентуална одговорност за примање на снимките надвор од законскиот рок.

Во овој контекст, одбраната изнесе уште една несоборлива преставка. Тие посочија и дека согласно законот за приватност, СДСМ за цели 20 дена задоцниле со доставување на снимките, кои требало по овој закон да ги достават до 10 декември 2015 година, а ги доставиле 20 дена подоцна, надвор од законскиот рок, со што тие се невалиден доказ. Одбраната подвлече дека во овој случај нема простор за толкување, бидејќи се работи за “проста математика”, и дека судот ако сака да го задржи дигнитетот и да спроведе на дело правна држава, мора да работи исклучиво по закон.

Доколку се почитува законот од страна на овој суд, и доколку судот независно одлучува без политички притисоци и нарачки, недвосмислено, само по овие две одредби аудио снимките треба да отпаднат како доказ.

Адвокатот на Груевски, Еленко Миланов истакна дека „бомбите“ кои требало да се слушаат не се доказ кој е предаден во судот како оригинал, туку биле преснимувани. Побара да се утврди дали снимките од разговорите се веродостојни и оригинални или не и да се докаже дека снимките се автентични т.е. дека не се преснимувани повеќе пати и на нив е интервенирано. Адвокатите го побараа на увид записникот за предавање на бомбите од СДСМ во СЈО. Во јавноста, велат тие, имало различни изјави за постоење на записник на примопредавање на бомбите. Според адвокатите дел од бомбите биле објавени пред да бидат изведени како доказ во судот.

Правото на адвокатите да формираат ефективна одбрана не може целосно да го искористат без да им бидат достапни сите посочени докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top