| четврток, 6 декември 2018 |

Им се заканувала на касиерките: Две кражби вчера во маркети во Свети Николe, уапсена 33-годишна жена

Вчера околу 15 часот во маркет на улица „Септемвриска“ во Свети Николе непознато женско лице извршило разбојништво при што со употреба на сила и закани кон вработената, од касата одзела околу 5.000 денари во различни апоени, по што заминала во непознат правец.

Истиот ден околу 16.00 часот во друг маркет на улица „Септемвриска“ во Свети Николе, М.Ј. (33) од Свети Николе, со употреба на сила и закана кон вработената, од касата одзела 6.600 денари во различни апоени, по што го напуштила местото на настанот.

По преземени мерки, околу 17.00 часот полициски службеници ја пронашле М.Ј. и ја лишиле од слобода, истата е задржана во Полициската станица Свети Николе за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top