| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштво од Џенова: Чудо е што сум жив, слушнав силен звук па возилата паѓаа врз куќи”

Чудо е што сум жив. На почетокот слушнав бучава и потоа се се сруши. Мојот автомобил падна од 30 метри висина и заглави меѓу столбови и рушевини. Неверојатно, но немам ни гребнатинка.

Ова го изјави поранешниот голман Дејвид Капело кој поминувал на мостот во Џенова каде загинаа 39 лица откако се срушу.

– „Го поминував мостот кој е еден од најпрометните во земјата. Видов што се случува околу мене. Тоа беше шок. Не знам како мојот автомобил не се распадна“, додаде поранешниот голман.

Вели дека возилата паѓале врз куќи и било страшно.

Во сабота ќе бидат и првите погреби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top