| четврток, 6 декември 2018 |

Атлетико М. во продолженијата го освои Суперкупот на УЕФА

Атлетико Мадрид синоќа го освои Суперкупот на УЕФА, откако со 4-2 го совлада градскиот ривал Реал Мадрид на натпреварот што се одигра во Талин, Естонија. Атлетико поведе со 1-0 уште во првата минута со гол на Диего Коста, а Реал преку Карим Бензема во 27-та минута израмни на 1-1, резултат со кој се замина на паузата.

Во вториот дел капитенот Серхио Рамос успешно реализираше пенал во 63-та минута и донесе водство од 1-2 за Реал. Во 79-та минута Диего Коста повторно се запиша на листата на стрелците и израмни на 2-2, а регуларниот дел од натпреварот заврши без победник.

По осум минути игра во продолжението Атлетико со голот на Саул Нигез стигна до ново водство од 3-2, a шест минути подоцна прецизен бешеи  Коке за конечните 4-2.

Реал пропушти шанса да го одбрани трофејот освоен минатата година во Скопје, кога со 2-1 го совлада Манчестер јунајтед. Суперкупот на УЕФА е натпревар помеѓу победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа, две европски клупски натпреварувања организирани од страна на Унијата на европските фудбалски асоцијации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top