| четврток, 6 декември 2018 |

Не сака да го посети синот во затвор: Снежана Ѓуришиќ преживеала закани од него, па не и паѓа на памет да го види!

Снежана Ѓуришиќ нема намера да го посети синот Марко Гвозденовиќ, кој е во притвор поради закани на мајка му и сомнеж дека извршил грабеж. Но и покрај тоа, пејачката му пратила пакет со гардероба и други неопходни работи.

Иако со својот наследник веќе долго време не е во добри односи, поради што не сака со него никаков контакт, фолк ѕвездата сепак и понатаму има потреба да му помогне. Јавноста беше шокирана кога на почетокот на август се дозна дека Гвозденовиќ е приведен бидејќи праќал заканувачки пораки на мајка му, па многумина помислија дека Снежана никако нема да помине преку толку сериозна работа.

-Снежана не губи надеж дека Марко ќе се опамети и дека ќе се врати на вистинскиот пат. Таа е разочарана поради се што тој прави последниве години, но сака да му помогне да стане одговорна личност која е посветена на семејството. Штом му е одреден притвор од 30 дена, повикала близок пријател и го замолила  на нејзиниот син да му однесе пакет со гардероба и уште некои ситници кои ќе му бидат потребни. Снежана нема намера да го посети во затворот, бидејќи е многу повредена, сепак тој и се закануваше, што тешко го поднесе. Но тоа не значи дека ќе му го сврти грбот. Ќе направи се што може за да го вразуми- вели извор близок на Ѓуришиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top