Данска ќе подигне 70 километри долга ограда на границата со Гермамнија за да спречи влез на диви свињи и да спречи ширење на африканската свинска треска, што би можело да го загрози производството на месо во таа земја.
Агенцијата за заштита на животната средина на Данска објави дека одобрила план за ограда која ќе биде висока до 1,5 метри. Подигањето на оградата ќе започне следната година.
Членовите на данскиот Парламент го одобрија подигнувањето на оградата за спречување на африканската свинска треска, која беше регистрирана воглавно во Полска и Романија.
Министерот за животна средина Јакоб Елеман-Јенсен претходно изјави дека поради ширењето на болеста, извозот на данско свинско месо во земји надвор од Европската унија, во вредност од 1,5 милијарди евра годишно, би можела да биде загрозено. За разлика од свинскиот грип, африканската свинска треска не влијае врз луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст