До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска до 13:00 часот се доставени вкупно 862 пријави од македонски државјани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва во странство.
Од нив, 836 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 72, во Лондон – 69, во Торонто – 57, Љубљана – 48 и Канбера – 36.
Податоците се до денеска до 13:00 часот, а пријавите се поднесуваат преку веб-апликацијата www.dijaspora.sec.mk.
Јавен увид во во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на ДИК до вчера направиле 1.967 граѓани. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 295, Струмица – 148, во Радовиш – 128 и во Прилеп – 104.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст