| четврток, 6 декември 2018 |

Свети змии излегуваат во црква во Грција секој 15 август (Видео)

Во август на празникот Успение на Пресвета Богородица, во една црква во Кефалонија во соседна Грција излегуваат голем број змии кои буквално се мазат и галат со луѓето.

Верниците се убедени дека тие се благословени од Богородица.

Змиите се појавуваат на 15 август во црквата, а иако многумина тврдат дека се отровни, никогаш никого не каснале и повредиле на тој ден.

Според верувањето народот ги нарекува свети змии кои на главата имаат шара како крст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top