Првпат после години Белгија повторно одлучи да притвора деца и семејства во затворениот центар за мигранти „127 бис“, кој се наоѓа во близина на бриселскиот аеродром.
Првото семејство „сместено“ овде е од Србија, станува збор за четири деца помеѓу една и шест години, со мајка им, кои од вчера се наоѓаат во овој затворен центар, во исчекување на рапатриација, јави дописничката на МИА од Брисел.
И покрај повиците на Комисаријатот за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) и повеќе пресуди на Европскиот суд за човекови права, Белгија после години реактивира правна одредба која и овозможува да притвора деца и семејства во затворени центри.
Од 1 август белгиската Влада почна да обезбедува „семејни ќелии“ во затворениот центри каде ќе можат да бидат задржани деца. Реакциите на граѓанските организации се бурни. Амнести Интернешнл изјави дека „деца никогаш не се затвораат“, додека пак УНХЦР, потсети дека оваа пракса е спротивна на Меѓународната Конвенција за правата на децата.
– Децата, посебно оние кои доаѓаат од друга земја во потрага по меѓународна заштита, се екстремно кревки и имаат специфични потреби. Треба да ги третираме пред се како деца, а не како странци во нередовна ситуацијата, изјави Вероник Робер задолжена за Западна Европа во УНХЦР пред два дена.
Семејството кое од вчера се наоѓа во центарот „127 бис“ се четири деца и мајка од Србија, кои од 2013 се во нерегуларна имиграциска ситуација на белгиска територија, наведуваат белгиските власти.
Двапати биле сместени во отворени центри од каде избегале, а според државниот секретар за азил, Тео Франкен, таткото бил „тежок криминалец“.
Но, активистите не се согласуваат. Ан Ловентал, позната белгиска активистка за права на мигрантите, вели дека таткото бил осуден за кражба и моментално е во затвор.
Децата имаат помеѓу една и шест години, што значи дека некои од нив никогаш не живееле во Србија.
– Станува збор за ромска фамилија од Србија, вели Ловентал, со ова белгиската држава ги напаѓа најкревките, оние за кои никој никогаш не се грижи и никој не ги сака. А тука станува збор за сама и целосна немоќна мајка, испратена во затворен центар со своите деца, пред да биде протерана назад во земја во која никогаш тие ние стапнале, наведува активистката.
Таа, заедно со колективот „Нот ин мај нејм“ попладнево се собираат во центарот на Брисел да протестираат против затворањето на ова семејство и одлуката на белгиската Влада да реактивира законска одредба која трипати беше осудена од страна на Европскиот суд за човекови права.
Во 2009 година Белгија се откажа од овој Закон поради острите критики и судските одлуки, но новата белгиска Влада, во која државниот секретар за азил, Тео Франкен, доаѓа од десната популистичка партија НВА, ги заострува имиграциските политики. Франкен повеќепати изрази симпатии за политичари како италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, познат, меѓу другото, за своите антимиграциски ставови и антиромски политики.
Според Франкен причината за реактивирање на затворените центри е високата стапка на бегства. Но, ова не ги убеди ниту граѓанските организации ниту опозициските партии.
– Белгија беше лидер во развојот на алтернативи на затворањето деца, но сега загрижувачки оди назад. Идејата дека деца ќе бидат затворени зад решетки и под надзор на камери и чувари од имиграциски причини е неподнослива, изјави Филип Хенсманс, директор на ИА Белгија.
Законот дозволува затворање на децата до еден месец, според опозицијата овој рок е предолг и не би смее да биде повеќе од неколку дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст