Дорија Регленд, мајка на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, според островските медиуми, планира да се пресели во Лондон.
Според списанието Marie Claire, нејзиниот план е да биде поблиску до нејзината ќерка, која доста се намачила во односите со другите членови на кралското семејство, таткото Томас и полусестрата Саманта.
А, како што пишува Daily Mail, ќе се пресели веќе во септември.
-Таа се подготвува и сè оди според планот, таа навистина сака да живее поблиску до нејзината ќерка, а тоа е нејзиниот главен мотив за менување на континентот. Дополнително, Дорија се вљубила во Англија и сигурно ќе биде среќна таму,вели изворот, додавајќи дека таа планира да ја напушти својата работа во социјалната служба во Лос Ангелес и целосно да се прилагоди на новиот живот во Англија.
Мајката на најпознатата војвотка е единствената од нејзиното семејство, со кого принцот Хари се сретнал пред свадбата и совршено се согласува со сите членови на кралското семејство, па промената на адресата несомнено ќе им се допадне на сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


