Со малку боја може да се направат чуда во вашиот дневен простор. Доколку сакате да внесете боја во домот или канцеларијата, секогаш користете го „Правилото на 3“. Ова правило е едно од основните правила на дизајнот, без разлика дали станува збор за внатрешен или графички дизнајн.
Оваа безвременска декоративна техника ќе ви помогне да го доведете до совршенство балансот на боите во домот. Оберете три бои за вашиот дом, а потоа подредете ги по овие пропорции – 60% + 30% + 10%, што значи 60% од просторот нека биде обоен со една основна боја, пример бела. 30% од просторот нека бидат обоени во друга боја, пример земјести тонови, додека деталите во живописна боја нека зафаќаат само 10% од просторот.
Оваа формула функционира секогаш, бидејќи создава чувство на баланс и му дозволува на погледот удобно да се движи од една точка до друга.
„Правилото на 3“ не мора да се однесува само на боите, туку и на деталите, за кои секогаш е подобро да бидат во непарен број, отколку во пар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст