Во рамките на „Скопско лето“ вечерва во 21.30 часот, на Факултетот за ликовни уметности ќе одржи концерт „CTR Trio“ од Австрија. Триото го сочинуваат: Стефан Коста, пијано, Драган Трајковски, бас и Волфганг Рајнер, тапани. Концертот се одржува во соработка со Амбасадата на Австрија во Македонија.
Во Забавниот парк „Луна“ во 21 часот на репертоарот на „Летно кино“ е францускиот филм „Тајна“, во режија на Клод Милер, а улогите ги толкуваат: Сесил Де Франс, Патрик Брул иЏули Депардје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.