| четврток, 6 декември 2018 |

Беззаконие и во Струга: Со решение за градба на спортско игралиште, се гради ресторан за свадби!

На брегот на езерото обележана е една парцела, каде што долго време се гради објект што личи на ресторан за свадба. Врз основа на подрумот и металната конструкција што се користат, се чини дека не е планирано да биде спортско игралиште, туку летен ресторан со капацитет за организирање свадби, но исто така може да биде и хотел со сместувачки капацитети, пишува порталот Денешен.

Но, кривичното дело започнува во фазата на поднесување на барањето, на која на странката му било сугерирано да поднесе барање за добивање на дозвола во име на “Програмата за изградба на отворени и затворени повеќенаменски спортски терени” со Технички бр. 05 / 2018 обработено од ТД НОВА ВИЗИЈА ШПК Охрид.

Потоа му било побарано да го донесе имотен лист од местото каде што планира да изгради спортски терени, документ што го обезбедиле од Агенцијата за катастар и недвижности со бр.1134-1 / 2018 од 26.06.2018 година.

Поднесеното барањето за изградба на спортскиот објект, воглавно има текстуален концепт за регулирање на просторот кој не е поврзан со финалната идеја, отворањето на летен ресторан и употребата на истиот за свадби или како хотел.

Се очекува Јавното обвинителство да излезе на местото на настанот за да го утврди кршењето на законот, инспекторатот ќе ја провери процедуралната измама на документацијата и градењето во заштитеното подрачје на УНЕСКО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top