Претседателот на СДСМ, Зоран Заев е првиот мандатар на кого му се бараат гаранции за заштита на унитарноста и суверенитетот на државата. Откако ги потпиша гаранциите, Заев го доби мандатот за формирање на влада од претседателот Ѓорге Иванов.
Професорката Тања Каракамишева Јовановска потсетува на изјавата дадена на 16 мај 2017 година, што под кривична одговорност ја даде Зоран Заев кога го доби мандатот од претседателот Иванов.
„Ова не се брише и не се заборава!“, коментира Каракамишева.
„Во име на формираното парламентарно мнозинство, ја давам следнава изјава: прво, гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Република Македонија. Гарантираме заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија. Гарантираме заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани, без оглед на етничката, религиската и јазичната припадност. Гарантираме дека процесот на носење на одлуките за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото, не доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Ниту еден документ, платформа, декларација, акт или дејствие кои би биле спротивни на погоренаведените ставови не може да бидат услов ниту основ за формирање и дејствување на Владата на Република Македонија“, изјави Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст