| четврток, 6 декември 2018 |

Дрита Ислами: Јас сум Албанка која трча за Македонија

Велат една слика илјада зборови, токму тоа и се случи на македонската атлетичарка Дрита Ислами за време на Европското првенство во Берлин. Tаа на социјалните мрежи објави фотографија на која со рацете го покажува двоглавиот ореле, кој воедно се поврзува со Голема Албанија. Токму поради оваа фотографија беше остро критикувана, поради што и самата даде коментар на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, кој по половина час го избриша.

-Додека се сликав со македонското знаме во Таипеи ми честитавте за храброста, пишувавте како сум била пример за сооживот во Македонија, а вие за што сте? Сега ви смета мојата слика со рацете, и пишувате глупости како се шетам и летам орли во Берлин, ако ви пречи тоа дека уживам во Берлин, повелете тренирајте и шетајте се на мое место, се е заслужено.

Само да ве потсетам дека јас сум АЛБАНКА, но сум државјанин на Македонија и трчам за Македонија, нема да го кријам мојот идентитет никогаш за никакви интереси, сосема е нормален гестот додека не го правев на стадион кога настапував за Македонија со македонски дрес.

Во ред е да критикувате за слабиот резултат што го истрчав, за тоа си држам сама одговорност, но ме интересира зошто воопшто не пишувате за другиот репрезентативец кој истрча уште послаб резултат од мене. Зашто е Македонец? Бидете реални малку не ме напаѓајте на национална основа, знам дека ви сметам, но тоа сум. Без навреда за многу Македонци со кои соработувам и ги почитувам, напипа Ислами на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Таа настапи на 400 метри со пречки и заврши убедливо на последното место. Според кодексот на АФМ ниту еден репрезентативец не смее да го напушта хотелот додека е дел од националниот тим. Тоа може да се направи групно за сите во националниот тим. Ислами поради ова се соочува со суспензија до 12 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top