| четврток, 6 декември 2018 |

Адеми ќе им го објаснувал Договорот со Грција на иселениците

Министерот без ресор задолжен за дијаспортата Едмонд Адеми, денеска од Македонска Каменица ги повика иселениците од дијаспората масовно да излезат на гласање на претстојниот референдум.

– Кога ќе започне кампањата, во план е посета и средби со нив, надвор, во дијаспората, каде ќе го објасниме договорот помеѓу Р. Македонија и Р. Грција и зашто тој договор е важен за перспективата на нашата држава – најави Адеми.

Македонските иселеници во дијаспората ќе можат да гласаат на претстојниот референдум, закажан за 30 септември. Тие своето право на глас ќе можат да го остварат во вкупно 50 дипломатските конзуларни претставништва, а во кои ќе има гласање Државната изборна комисија дополнително ќе реши во зависност од бројот на пријавени. Рокот за пријавување по електронски пат е од 9 до 23 август. Како што објансија од ДИК, иселениците кои ќе се пријават да гласаат во некое од дипломатско-конзуларните претставништва нема да може да гласаат тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top