Сопствениците на дронови ќе мора да ги осигураат беспилотните летала за да се заштитат граѓаните доколку со нивното управување се предизвика некаква штета, предввидуваат измените на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, што ги изготвува Министерството за финансии.
Ова е втора регулација во врска со дроновите, откако на крајот на минатата година беше донесена уредба која одредува кој, како и со која цел може да ги управува.
Освен за дроновите и тоа само за оние со тежина над пет килограми, обврска за осигурување со измените на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот добиваат и авиокомпаниите. Предмет на осигурување за нив е багажот на патниците и стварите.
– Законот за задолжително осигурување во сообраќајот не предвидува задолжително осигурување за багажот и стварите во воздушниот сообраќај и за воздухополвите без екипаж. Со измената на законот се утврдуваат права за надомест на штети на сопствениците на багаж и ствари во воздушниот сообраќај и се уредува обврска за задолжително осигурување од одговорност за штета на воздухопловите без екипаж, објаснува изготувачот на овие законски измени, Министерството за финансии.
Како цел на предлог-законот се наведува усогласување со европските регулативи од областа на цивилното воздухопловство, кои уредуваат обврска за осигурување на багаж и ствари во воздушниот сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст