Луѓето кои сакаат горко кафе имаат психопатски карактеристики тврди истражување објавено во магазинот Апетит. Истражувањето е спроведено на Универзитетот во Инсбрук и покажува дека оние кои го сакаат горкиот вкус можат да се поврзат со психопатско однесување. Најголема корелација постои меѓу горката храна и „секојдневниот садизам“, кој истражувачите го опишуваат како чувство на задоволство кога на другите им нанесуваме мало количество болка.
Истражувањето е спроведено на повеќе од 1.000 возрасни, кои требало да кажат кои вкусови го сакаат, пренесува Неделник.
Испитаниците биле подложени на психотестови за да се испита кои асоцијални особини, како садизам, нарцисоидност и психопатија, ги поседуваат.
Сепак, не е во прашање само горкиот вкус на кафето, туку и на ротквицата, целерот или тоникот. Оние кои генерално сакаат вакви вкусови, според ова истражување, имаат психопатски карактеристики на личноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст