| четврток, 6 декември 2018 |

Попладнево во 17:38: Земјотрес од 5,1 степени во Албанија, беше почувствуван и во Скопје

Земјотрес со јачина од 5,1 степен, попладнево ја потресе Албанија, а истиот беше почувстуван и во Скопје.

Потресот се случи во 17:38 часот, а епицентарот бил на 38 километри североисточно од албанскиот главен град.

Според првичните информации, потресот освен во Македонија бил почувствуван и во Косово.

Засега нема ифнормации за евентуални штети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top