| четврток, 6 декември 2018 |

Тој е споственик на хотел на Халкидики и не прима туристи со македонски пасош

Сопственик на хотел на Халкидики и на својот Фејсбук профил се пофали дека не прима македонски туристи со македонски пасош.

– “Дојдоа да бараат соби со такви пасоши, ама им кажав дека со такви пасоши е забрането во мојот хотел …”, напишал Јоргос Цагаракис сопственик на хотел на Халкидики.

– „Да бевме ние како нив овој би плачел за забрана кога би одел на забар или во казино во Гевгелија”, вели еден од коментарите на социјалните мрежи.

И покрај потпишувањето на договорот за името со Грција , во оваа земја не запира негирањето на македонскиот национален идентитет од обични луѓе и државни претставници а не запираат ниту оштетувањата на македонски возила чии сопственици летуваат во оваа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top