| четврток, 6 декември 2018 |

Апасиев на Фејсбук го раскажа денот кога во Преспа се потпиша договорот

Тој ден, премиерот за една употреба нè почести со утринско селфи, на кое во позадина се кезеа министерката за непостоечка одбрана, министерот за надворешна трговија со името и претставникот на вечно коалициониот партнер на СДСМ–ДПМНЕ – вицепремиерот од ДУИ, кој ја имаше улогата на Отешевски батлер, пратен директно од кетеринг службата на НАТО.

Очите на насмеаниот премиер како самите да зборуваа:

– „Па Вие не можете толку да побарате, колку што ние можеме да дадеме“!

На погледите полни сомнежи, дали ќе може да го реализира испорачаното, тој прати нова тура насмевки, најавувајќи дека целиот мандат ќе го потроши на дословно исполнување на секоја точка и запирка од Договорот.

Во знак на покорност, си ја подари дури и машната, на што остро реагираше Еврокомесарот Хан

кој, запазувајќи ја Регулативата бр. 4056835 на ЕУ, вратоврската ја претвори во украсно шамивче за левиот џеб од сакото на Ципрас.

Оваа интервенција беше неопходна и за запазување на духот на договорот, каде „Втората страна“ не е еднаква со Првата, па оттаму и не може да подарува било што и било кому кога нејзе ќе ѝ текне…

(Фејсбук статус на Димитар Апасиев)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top