| четврток, 6 декември 2018 |

Мицковски: За едно прскање комарци се изгубивте, ви се смее цела држава

Поранешниот функционер на СДСМ и колумнист Ивор Мицковски се придружи на армијата сеирџии околу начинот на кој градската власт се обидува да ги убеди скопјани дека прска(ла) против комарци.

„Ем стари препарати сте користеле, ем стари видеа од прскање пуштате, ем дрски и сакате да се расправате. Абе за едно прскање комарци се изгубивте, ви се смее цела држава“, напиша Мицковски на својот профил на „Твитер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top