Атлетичарката Дрита Ислами, која се пласира на последното место во квалификациите во трката на 400 метри со пречки на Европското првенство (ЕП) во Берлин, како претставник на Република Македонија, со неспортски потег ја понижи нашата земја. Седукратната најдобра атлетичарка во Македонија и наш претставник на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, го искористи престојот во главниот град на Германија да направи фотографии за спомен, па со стражарите на Берлинскиот ѕид се фотографирала „летајќи орли“, албански симбол кој се поврзува со иредентистичката желба за формирање на заедничка држава на територија на сегашна Србија, Косово, Македонија и Црна Гора (Голема Албанија), објави спротскиот портал Спорт 1.
Атлетичарката беше испратена да ја претставува Македонија со финансии обезбедени од државата. И наместо да остане засрамена од ужасниот пласман и лошиот резултат кој беше далеку од нејзиниот личен рекорд, Ислами гордо објавува фотографии на кои покажува нешто што нема допирна точка со нејзината матична држава, без разлика што таа е од албанска националност, коментира порталот и потсетува дека младата атлетичарка во минатото често се фотографираше со македонското знаме, а една од таквите фотографии беше хит на социјалните мрежи како показател за отсуството на национализам во спортот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст