Интернет движењето #бојкотирај објави посебно упатство за дијаспората.
За разлика од гласачите во Македонија од кои се бара на 30 септември да не излезат на референдум од дијаспората се бара уште еден чекор.
Да се пријават за гласање и да го зголемат цензусот.
“Искористи ја шансата. Биди дел од борбата. Растури им ја играта на властољубците. Ова е и твоја борба, наметни твои правила. ПРИЈАВИ СЕ ВО ИЗБИРАЧКИ СПИСОК. Дигни го цензусот. Чекај го денот. Дома, со пријателите, на ајваријада. #Бојкотирам креативност на твој начин”, пишува во прогласот на движењето до дијаспората.
Со зголемување на регистрираните гласачи во дијаспората се крева и вкупниот број гласачи за остварен цензус.
Доколку на сегашните 1 милион 813 илјади гласачи во Македонија за кои цензусот е околу 910 илјади гласови, се додадат уште околу 60 илјади гласачи од дијаспората кои редовно се регистрираат тогаш цензусот може да скокне на 940 илјади.
Тоа може да биде пресудно дури и опозицијата да повика на гласање на референдумот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


