| четврток, 6 декември 2018 |

Психијатар на ЦИА го анализира Вучиќ

Професор по психијатрија, политичка психологија и меѓународни работи Џеролд М. Пост 21 година работи во ЦИА, каде што го основал Центарот за анализа на личноста и политичко однесување. Анализите на овој центар овозможуваат процена на меѓународни државници за да можат претседателот на САД и другите државници подобро да се подготват за средбите со нив.

Пост е автор на книга, пренесува Ал џезира, во која светските лидери ги поделил во неколку групи, а српскиот магазин Њузвик ја анализира најбројната категорија лидери кои сакаат да успеат и имаат изразено чувство на самобендисаност.

Грандиозни фантазии и внатрешна празнина

Во оваа категорија се сместени тогашниот претседател на САД Барак Обама, претседателот на Русија Владимир Путин, но и тогашниот премиер на Србија Александар Вучиќ.

„Значаен аспект на овој тип личности на власт претставува начинот на кој се обидуваат да ги задоволат своите психолошки потреби. Примарна цел им е да стекнат популарност и слава. Нивното тежнеење за признание потекнува од нивната исклучителна егоцентричност, силната амбиција и грандиозните фантазии. Портивот кој лежи во заднината на оваа потрага е, меѓутоа, внатрешната празнина и несигурност во сопствениот идентитет. Некои автори пишуваат за „комплекс на Нобелова награда“ како потрага по признание“, пишува Пост во книгата.

„Овие лидери се склони да ги искористуваат другите, занемарувајќи ги нивните потреби и чувства. Опкружени се со обожаватели од кои очекуваат да им се восхитуваат и да им ласкаат. Верен следбеник многу лесно може да биде отфрлен кога ќе престане да биде корисен, зашто овие луѓе имаат потреба само од потчинети кои им обезбедуваат  душевна храна. постојан прилив на ласкање и восхит…“, додава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top