| четврток, 6 декември 2018 |

4Г за сите македонски мобилни оператори

aek logoЛиценци за користење радиофреквенции од четвртата генерација (4G) на мобилни комуникациски услуги ќе добијат мобилни оператори Т-мобиле, Вип и Оне, соопшти Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) по завршувањето на јавното наддавање за доделување три одобренија за користење радиофреквенции од радиофреквенцискиот опсег 790-862 МHz и 1710-1880 МHz.

Операторите сега треба да уплатат еднократен надоместок во висина од по 10,3 милиони евра за да ги земат лиценците.

Од АЕК велат дека се очекува со фреквенции од 4G  да се зголеми брзината на мобилниот широкопојасен интернет, ќе има поголема иновација, нови инвестиции и подобра покриеност.

„Во еден конкурентен пазар како овој, се очекува 4G услугите за брзо време да бидат достапни и поволни за сите корисници во Македонија. Брзите широкопојасни мрежи станаа национална инфраструктура од витално значење, слично како транспортните, енергетските и водоснабдувачките мрежи, но со уште поголем потенцијал за влијание врз социјален и економски развој“, подвлекуваат од АЕК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top