Во 2019 година ќе се оствари планот на Зоолошка градина Скопје, за првпат да бидат донесени пингвини. Најавената атракција би требало да биде реализирана на пролет.
Скопјани долго време ги очекуваат пингвините, но минатата година изградбата на живеалиштето одеднаш беше стопирана, иако веќе одамна беше најавено доаѓањето на пингвините.
Директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски вели дека се надминати причините поради кои живеалиштето не било изградено на време.
– Во соработка со градоначалникот на град Скопје и некои поголеми македонски компании ќе направиме напори, живеалиштето да биде готово до пролет – вели Галетановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст