| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски гостин на турнирот во Велгошти по повод празникот Св.Петка (Фото)

По повод утрешниот празник Св.Петка, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваше на турнир во охридското село Велгошти кој се организира секоја година за празникот.

Посетата на Велгошти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја искористи и да запали свеќа во манастирот „Св.Петка“ во чии рамки се наоѓа и собата каде војводата Христо Узунов ја формирал првата чета во Охрид.

Со Мицкоски, во посета на Велгошти, беа и членот на ИК на партијата од Охрид Кирил Пецаков, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев, Илија Арнаудовски и Тони Менкиноски, претседател на партиската правна комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top