Кампања и притисок на клиниките и меѓу студентите на Медицинскиот факултет во Скопје. Професорите наместо да се грижат за образовабието на студентите, или здравствената политика, како и за пациентите тие интензивно се вклучуваат во актуелните теми и тоа ни помалку ни повеќе со повик до сите студенти да излезат на референдумот кој не се однесува само на името и договорот со Грција, туку и на ЕУ и НАТО или на, како што често го викаат, референдум со прашање со три непознати.
Професорката на Медицинскиот факултет Даниела Чапароска коментирајќи на Фејсбук на постови кои некогаш се за негогаш против референдумот на еден од нив ги повикува студентите да гласаат, и оди и понатаму вели „тоа е единствената шанса да се вреднува вашиот труд и залагања“.
-Ги повикувам сите студенти на Медицински факултет, по општа медицина медицина, стоматолози, физиотерапевти, логопеди, високи медицински сестри и радиолошки технолози си кои сите овие години деноночно работевме и да ги совладуваме задачите да излезат на референдум зошто тоа е единствената шанса да се вреднува вашиот труд и залагања. Ние сите заедно сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО!, коментира професорката Чапароска на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст