Мекензи Вокер е едно од децата кои успеваат да преживее многу тежок почеток.
Кога имала само месец дена, Мекензи во картонска кутија била оставена на железничката станица во Кина. За среќа, пронајдена е на време и одведена во сиропатилиште. Таму поминала година дена, а во 2003 година била посвоена од едно семејство во Тексес.
Нејзиното ново семејство, откако Мекензи била мала сфатиле дека нивната ќерка има неверојатен талент за музика. Само што научила да зборува, ги паметила текстовите на песните напамет и пеела песни од почеток до крај. Сакале да го негува нејзиниот талент и кога наполнила 5 години ја носеле на часови по пеење, а дури и вработиле менаџер.
Девет години откако ја посвоиле, во 2012 година, Мекензи доживеала неверојатен момент со кој сите ги шокираше, во позитвна смисла, како нејзините родители. Таа година пеела химна за Безбол лигата каде ја забележал Марк Кармен.
Кармен е успешен продуцент и понудил на младата Мекензи која тогаш имала само 10 години договор како би изгледал нејзиниот албум.
Нејзините родители се многу горди на неа, а со толку малку години, не ги заборавила децата од домот, па таа постојано им помага.
Погледнете ја видео снимката и воедно ќе ја видите и бескрајната љубов во ова среќно семејство, каде родителите едвај ги воздржуваат солзите додека зборуваат за своето дете и неговите успеси и дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст