Најмалку две лица загинаа, а околу 60 се повредени попладнево при сообраќајна несреќа на автопатот во близина на аеродромот крај италијанскиот град Болоња, по која следеле серија експлозии и избувнал пожар.
Како што соопшти италијанската полиција до несреќата дошло при судир на два камиони, од кои едниот превезувал запалив материјал, а вториот – возила.
При судирот дошло до голема експлозија на камионот со запалив материјал, по што избувнал и пожар. Од експлозијата се урнал и дел од мост на автопатот, па пожарот се проширил и на паркингот под него каде зафатил десетина возила, по што дошло до серија помали експлозии. Во гаснењето на пожарот учествувале десетина пожарникари.
Болнички извори соопштија дека 14 лица се здобиле со потешки повреди. Меѓу повредените има и 11 полицајци.
Дел од повредените се здобиле со изгореници при експлозиите и пожарот, а дел биле повредени при кршење на стакла на околните објекти.
Поради несреќата, што се случила околу 13 часот, сообраќајот на автопатот е во прекин во двата правци.
Околните жители за италијанските медиуми изјави дека експлозиите биле толку силни што „се треселе куќите“.
На социјалните мрежи се појавија фотографии и видео снимки на кои се гледаат како од местото на несреќата се креваат пламени јазици и црн чад.
Аеродромот во Болоња соопшти дека сообраќајот на него се одвива нормално и не е загрозен од несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст