| четврток, 6 декември 2018 |

Царовска испрати инспектори во градинката во Гевгелија

Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика испратила инспектори во градинката „Детска радост“ во Гевгелија да проверат што се случува, откако на социјланите мрежи беше објавено видео на кое се слуша како негувателка им се обраќа на децата со погрдни зборови.

-Веднаш по објавувањето на видеото на социјалните мрежи од немилиот настан во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија, Министерството за труд и социјална политика итно реагираше со цел расветлување на случајот во најкраток можен рок. Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата, веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките. Во најбрз рок ќе ја известиме јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај – информираат од министерството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top