Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(45) од с.Чашка, општина Чашка, поранешен директор на ЈПКД „Тополка“ – Чашка и против Е.К.(30) поранешен вршител на должност – директор на ЈПКД „Тополка“ – Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Двајцата, како што соопшти МВР, во периодот од деловните 2016 и 2017 година на имотот на ЈПКД „Тополка“ – Чашка нанеле материјална штета во вкупен износ од 3.045.908 денари.
Ѓ.З. во својство на директор на ЈПКД „Тополка“ – Чашка во периодот од јануари 2016, заклучно со август 2017 година (кога бил разрешен по сопствено барање, од страна на тогашниот градоначалник на општина Чашка), искористувајќи ги и пречекорувајќи ги службената положба и овластување, спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, без да спроведе постапка за јавна набавка, склучил договори за отстапување работници за вршење на привремени работи со правното лице Агенција за привремени вработувања РЕАЛНОСТ – 06 Прилеп. Со ваквото свое работење, пријавениот Ѓ.З. ги прекршил одредбите од Законот за јавни набавки и средствата на ЈКПД Тополка- Чашка (член 2 од ЗЈН) не ги користел на рационален и ефикасен начин, со што во 2016 година на ЈКПД Тополка-Чашка му било нанесена материјална штета во вкупен износ од 1.731.173 денари, а во 2017 година било нанесена материјална штета во вкупен износ од 1.110.757 денари, или вкупно за двете години 2.841.930.00 денари. Со тоа пак на Агенцијата за привремени вработувања РЕАЛНОСТ – 06 Прилеп, односно на повеќе физички лица ангажирани преку Агенцијата им овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 2.841.930.
Второпријавената Е.К. во својство на вршител на должност – директор на ЈПКД „Тополка“ – Чашка (именувана на ден 04.08.2017 година, од страна на тогашниот градоначалник на општина Чашка), во периодот од септември 2017, заклучно со ноември 2017 година, на ист начин како и првопријавениот искористувајќи ја својата службена положба и овластување и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување му нанела материјална штета на јавното претпријатие во вкупен износ од 203.978 денари. Е.К. спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, без да спроведе постапка за јавна набавка, во текот на 2017 година, склучила договори за отстапување работници за вршење на привремени работи со правното лице Агенција за привремени вработувања РЕАЛНОСТ – 06 Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст