Маж (69) од Мали Пожаревац, Србија починал како последица од убоди од пет стршени. Дури ни реанимацијата која траела еден час, не успеала да му помогне на човекот, кој бил донесен во Ургантниот центар без свест, а срцето не му функционирало.
Пред еден месец како последица од убод од стршени починал и Владам Марковиќ од Ужице.
Лекарите предупредуваат дека отровот од стршени е 100 пати посилен од оној на пчелите и осите, а реакцијата не може да се предвиди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


