Во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, во август словенечката писателка Габриела Бабник ќе оствари резиденцијален престој во Скопје. Во рамки на својот престој, таа ќе работи на својата нова книга, а ќе има можност да се запознае со дел од македонските писатели, преведувачи, издавачи и воопшто со македонската книжевна и култура сцена, информираат од издавачката куќа „Готен“.
Габриела Бабник (1979) е писателка, литературна критичарка и преведувачка. Досега има објавено три романи, а нејзините новинарски текстови, книжевни и филмски критики редовно се застапени во неколку словенечки весници и списанија.
Родена е во Германија, а студирала компаративна книжевност на Универзитетот во Љубљана, по што заминала во Африка, која станала инспирација за нејзините дела. Магистрирала на тема од современиот нигериски роман.
За својот прв роман, „Кожа од памук“, во 2007 година ја добива наградата за најдобра дебитантска книга на Саемот на книга на Словенија, а за третиот роман „Сушен период“ во 2013 година ја добива наградата на Европската Унија за литература. Во 2015 година романот „Сушен период“, во превод на Лидија Аризанкова, го објави издавачката куќа „Антолог“.
Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст